Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПејПал“ влегува во Србија?

„ПејПал“ влегува во Србија?
Компанијата за плаќање преку интернет, „ПејПал“ (PayPal) ќе започне од оваа година да работи и во Србија, изјави министерот за трговија и телекомуникации, Расим Љајиќ. „Тоа е многу побрзо отколку што се очекуваше. Нашите проценки беа дека тоа ќе се случи до крајот на годината, но ПејПал ќе стигне многу порано", рече Љајиќ во изјава за Бета. Според него, претставниците од компаниите самите ќе соопштат кога точно влегуваат и во Србија. „Тоа е голема работа за граѓаните на Србија, но и шанса за економијата да ги искористи  сите предности и можности на електроната трговија и трговија преку Интернет", рече Љајиќ.    
Слично

Поврзани вести