Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пејкоф: работата нема да ви ја заврши никој друг!

Пејкоф: работата нема да ви ја заврши никој друг!
Ендрју Пејкоф, Македонец од Егејот, втор најголем производител на флаширана вода во САД пред студентите на штипскиот универзитет подели неколку совети за идните претприемачи во земјава. Успехот, вели Пејкоф, не може друг да ви го донесе. - Според мое мислење младите Македонци треба да го научат американскиот стил на претприемништво, она што недостасува во Македонија. Во Македонија има премногу останато од претходниот комунистички или социјалистички систем и многу е тешко луѓето да разберат дека слободниот пазар не функционира така. Слободниот маркет функционира од поединците и дали ќе успеете или не зависи од вас, никој нема да ве спаси. Знаејќи го тоа можеби имате шанса за успех - рече Пејков. -При моите поранешни посети во Македонија јас разговарав со многумина бизнисмени. Тие се навистина добри и фини, но тие очекуваат работата да и ја заврши некој друг, што е голема грешка. Кога чекате друг да успее место вас, вие нема да успеете, туку ќе пропаднете- изјави Ендрју Пејкоф, бизнисмен од САД.
Слично

Поврзани вести