Пејачката Дона Арес почина од рак
Босанската пејачка Дона Арес на 40 годишна возраст почина од рак.
Азра Колаковиќ, позната како Дона Арес, починала вчера во родниот град Бихаќ, по три годишна борба со опасната болест, рак на грлото на матката.
Пејачката ја стекна популарноста во 1997 година, кога настапи на фестивалот „Дора“ и учествуваше во изборот на песна за „Евровизија“.
Во изминатите години, често споделуваше со јавноста детали од лекувањето, и тврдеше дека болеста ја направила посилна.
Родена е на 1 јануари 1977 година во Бихаќ, а со музика се заминава уште како дете.
Зад себе остави голем број на хитови.
Слично
