ПЕИ ќе оди сам на претстојните парламентарни избори
На претстојните парламентарни избори, Партијата за европска иднина (ПЕИ) ќе настапи самостојно со листи за пратеници во изборните единици 1, 2, 5 и 6.
Оваа одлука, партијата ја донела синоќа на седница на Централниот одбор одржана во Гостивар. ПЕИ соопшти дека кандидатски листи за пратеници со имињата на носителите ќе бидат познати откако ќе бидат утврдени и изгласани на наредниот состанок на Централниот одбор закажан за 25 март во Гостивар.
- Партијата за европска иднина, која во последниот пратенички мандат во Собранието на Република Македонија, дејствуваше како пратеничка група со три пратеници, смета дека е сериозен и одговорен политички субјект во државата и има намера на претстојните парламентарни избори пред граѓаните даде отчет за сработеното и вложеното во насока на подобрување на општите политичко – економски и социјални состојби. Врз основа на остварлива програма што ќе им биде понудена во текот на изборната кампања ќе побара подршка за нови пратенички мандати, стои во соопштението на ПЕИ.
Слично
