Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пеер Штајнбрук: Германските даночни обврзници допрва ќе плаќаат за Грција

Пеер Штајнбрук: Германските даночни обврзници допрва ќе плаќаат за Грција
Поранешниот министер за финансии Пеер Штајнбрук од Германската социјалдемократска партија вели дека не е исклучена  веројатноста германските даночни обврзници да  платат многу висока цена за милијардите евра помош кои и се доделуваат на Грција. „Треба да се каже на јавноста дека може да се дојде до отпишување на грчките заеми", изјави Штајнбрук за денешниот број на весникот„Bild am Sonntag“. „Ние, Германците, треба да правиме жртви за приближувањето на Европа. Ние веќе долго време сме во сојуз со одговорностите. Грција нема да се врати на пазарот на капитал во следните осум години и затоа има потреба од градење на спасувачки мостови. Треба да се погрижиме за овие мостови, а тие чинат пари“, вели Штајнбрук. „До овој момент Германија не платила за Грција "ниту еден цент", туку само презема гаранции. Сепак, сосема веројатно е дека ваквите гаранции ќе мора да се платат“, појаснува тој. „Бевме подготвени да дадеме многу пари за обединување на Германија, нешто што го поздравија сите наши соседи без оглед на лошите искуства со нас", рече тој. „Сега ние треба да се запрашаме колку точно е скапа нашата драга Европа", вели политичарот. Во средата и германскиот политичар Рајнер Бродерле изјави дека во однос на темата за Грција „треба да бидеме искрени, дека нема да излеземе на нула“. Тој додаде и дека спасувачките мерки ќе чинат пари, колку ќе бидат тие, никој не може да каже категорично, а исто така не е јасно колку брзо и колку одржливо ќе се соземе грчката економија. Во моментов Грција треба да добие  втор пакет од вкупно 130 милијарди евра, кој се очекува да биде дополнително зголемен.
Слично

Поврзани вести