Економија, финансии, бизнис

Контакт

Педофил заведувал малолетници и ги терал на порнографија

Педофил заведувал малолетници и ги терал на порнографија

Италијанец  на социјалните мрежи, со години заведувал малолетници од Македонија и ги терал да му праќаат порно клипчиња.

Тој заведил неколку деца од Штип и преку  Скајп и Фејсбук ги терал да снимаат ппорнографски материјали и да му ги испраќаат во Италија.

Според досегашните сознанија на истрагата Ц.С. од јануари 2013 до февруари минатата година контактирал со повеќе деца од Штип на возраст од 14 години и барал од нив да се соблекуваат голи, да се допираат по телото, да се фотографираат и така направените фотографии и видеоклипови да му ги испраќаат.

За снимениот видеоматеријал педофилот на децата преку банки со брз трансфер на пари им исплатил 4.307 евра.

Полицијата го открил случајот и поднесе кривична пријава против педофилот. Извршен е претрес и кај децата каде се најдени материјали и мобилни телефони со кои комуницирале со осомничениот. Истите се одземени и дадени на вештачење во МВР.

Слично

Поврзани вести