Економија, финансии, бизнис

Контакт

Печалбарите во септември великодушни, во октомври си ги чуваа доларите!

Печалбарите во септември великодушни, во октомври си ги чуваа доларите!
Се намалуваат парите што иселениците ги праќаат од странство. Според најновите податоци во октомври вредноста на приватните трансфери изнесувала 127,4 милиони евра и во однос на септември има намалување за околу 28 милиони евра.
Приватни трансфери : Октомври                   127,4 милиони евра Септември                 155,3 милиони евра. Компаративните податоци укажуваат на тоа дека дознаките од странство во октомври годинава се на слично ниво во однос на истиот месец лани. Во приватни транфери спаѓаат главно дознаките во и од странство на физички лица како и пензии и ренти што се испраќаат во Македонија. Во исто време, НБМ објави дека во октомври минусот на капиталната и на финансиската сметка изнесува 25,5 милиони евра што во однос на септември има продалбочување, кога  салдото  изнесуваше -19,2 милиони евра. Позначајно проширување на минусот е забележано кај финасиската сметка. Во октомври има одлив на странски директни инвестиции од 31,9 милиони евра додека кај портфолио-инвестициите е регистрирано салдо од само 5,2 милиони евра, за разлика од претходниот месец кога изнесувале 17,8 милиони евра.
 Р.Ф.
Слично

Поврзани вести