Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАЗЕТЕ КАКО ВОЗИТЕ: Можна појава на голомразица по коловозите

ПАЗЕТЕ КАКО ВОЗИТЕ: Можна појава на голомразица по коловозите

Доколку имате потреба денеска да патувате ширум земјава, добро е да знаете дека сообраќајот на  сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите, а можна е и појава на голомразица поради ниските температури во раните утрински часови.

„Стоп“ за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Маврово - Дебар - Струга додека на планинските премини Пресека и Буково за тешките товарни возила задолжителна е употреба на зимска опрема (синџири).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Слично

Поврзани вести