Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пазарот на смартфони – од дното до луксузот

Пазарот на смартфони – од дното до луксузот
Apple и кинеската компанија Xiaomi, која често е опишувана како "Apple од Кина", се радуваат на своите најдобри времиња. За нивните конкуренти сепак работите не стојат така. Во декември Xiaomi стана нај добро оценет старт-ап во светот - за 46 милијарди долари. А минатата недела резултатите на Apple ги надминаа очекувањата на сите, што укажа дека Тим Кук го држи цврсто кормилото и успева да и донесе на компанијата нови успеси. Податоците не го вклучуваа само најважниот од сите фактори. Успесите на Xiaomi и Apple ја одразуваат растечката нееднаквост во приходите во светот. Трендот влијае на секој производител на телефони, различен од Apple, Xiaomi и грст други компании во нискиот сегмент на пазарот и укажува на ретките пребарување на смартфони во опсегот со средна цена. Додека компонентите за паметните телефони стануваат се поевтини, уредите на Xiaomi, Coolpad Group, Vivo и безброј други кинески производители се радуваат на намалување на цената, бидејки уредите им се "доволно добри" за повеќето корисници. Xiaomi е добро запознаена со оваа игра, а нејзините продажби, исклучиво онлајн, како и тесниот круг од производи, и дозволуваат да продава телефони по исклучително ниски цени, тврди Ник Спенсер, аналитичар на ABI Research. Освен тоа Xiaomi изгради голема заедница на корисници, која служи како силен маркетинг мотор. Во последниот квартал добивката на мобилниот огранок на Samsung Electronics забележа пад за 62% во однос на претходната година, што укажува дека јужнокорејската компанија ќе треба да почне да продава поевтини телефони, следејќи ги чекорите на Xiaomi. Во меѓувреме кинескиот мобилен гигант Huawei Technologies презема во спротивна насока - се подготвува да влезе во сегментот на high-end телефони. Но, овие трендови не ги објаснуваат случувањата со Apple, која го направи невозможното во последниот квартал, продавајќи повеќе телефони на повисока цена отколку во претходните квартали. Вистината е дека само еден тип на производ може да го стори тоа - луксузниот. Со одржувањето на сопствена серија на услуги, со огромен избор на мобилни апликации кои често покажуваат подобра пазарна реализација отколку оние за Android, Apple успеа да се дистанцира доволно од телефоните со Android и тоа на начин на кој успева да им наплати корисниците просек 2-3 пати повеќе отколку што би платиле за сличен уред со Android. Во Кина, Apple се претвори во луксузен бренд, чии производи најчесто се давани како подарок, заедно со производи од брендовите како Louis Vuitton, Gucci и Chanel, покажа истражувањето на Hurun Report, кое го опфаќа пазарот на луксузни стоки во Кина. Самите производители реагираат веднаш на повлекувањето на средната класа во Северна и Јужна Америка. Компаниите се насочуваат од висока на ниска класа на релевантните пазари. Истото се случува и со телефоните. Различното тука е дека смартофоните се продаваат во целиот свет и слична поделба на пазарот едвај е резултат од она што се случува во САД. Всушност Xiaomi дури не продава стока надвор од Азија. И токму како што се поголем број богаташи почнуваат да бараат телефони од висока класа, направени од Apple, истото се случува со оние на Xiaomi, но од страна на средната класа. Најдобро продаваниот телефон на Xiaomi - Redmi, чини само 100 долари во Индија. Таму сепак кога некој купува телефон на Xiaomi е сметан за богат, бидејќи во земјата се заработуваат во просек по околу 600 долари годишно. Не е грешка, дека најевтините телефони се насочени истовремено кон уште посиромашните Американци и кон се 'побогатите граѓани од светот во развој, со оглед дека многу економисти веруваат дека нивната судбина е поврзана. Нарачата на услуги и автоматизацијата претставуваат удар за американската средна класа. На овој начин на пазарот на паметни телефони се овластуваат нови трендови, кои го потенцираат фактот дека секогаш имало два одделни пазари за слични уреди - за луксузни телефони и еден за сите останати. Очекувано распределбата на профитот меѓу овие два пазари ја одразува распределбата на богатството меѓу купувачите на стоки. Аналитичарот Хорас Дедиу наведува дека во последниот квартал 90% од целата добивка на Apple доаѓа од мобилниот пазар. Ако сегашните макроекономски трендови продолжат, ќе се случат две работи. Првото е дека по успехот да го задржи имиџот на луксузен бренд, Apple ќе продолжи да се радува на повисоки приходи. Аналитичарите велат дека околу 350 милиони iPhone се користат во светот, што значи дека производите на Apple зафатија речиси 5% од светското население. Вториот тренд е дека просечната трговска цена на телефоните со Android ќе продолжи да опаѓа, додека производителите продолжуваат да се борат едни со други, за да понудат најголема вредност на најниската цена. K.K.
Слично

Поврзани вести