ПАЗАРОТ НА ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ „ПОЛУДЕ“: Ги има се помалку и многу се скапи
Нема поволни автомобили и чинат повеќе од било кога. Подобрување не е на повидок пред 2023 година. Таква е ситуацијата и во Македонија, но во германија половните автомобили станале ретка стока. Дојче веле пишува дека заменик-претседателот на Централната асоцијација на германската автомобилска трговија (ЗДК), Томас Пекрун вели оти во моментов има помалку користени автомобили од клиенти. Според Пекрун, цените се зголемени од пет до десет проценти. Има и понови половни автомобили кои чинат повеќе од истите нови автомобили, бидејќи испораката на нови во моментов е многу подолга.
Мартин Вајс кој работи за DAT, вели дека пазарот полудел, додавајќи дека половните автомобили се поскапи од кога било досега, дури 15 отсто повеќе. Тој наведува дека во некои случаи цената може да биде и повисока. Како прво, автомобилите со дизел мотори се многу поскапи отколку во првите години по скандалот со фалсификувани емисии
Експлозијата на цените беше предизвикана од пандемија и постојан недостиг на чипови за автомобилска електроника. Во 2020 година, поради пандемијата, регистрирани се помалку нови автомобили, од кои некои сега недостасуваат како половни автомобили.
Дополнително, компаниите за изнајмување автомобили моментално помалку инвестираат во возила кои по кратко време ќе бидат понудени на продажба. Намален е бројот на регистрации на нови автомобили кои дилерите ги прогласуваат за користени по само еден ден. Пекрун наведува дека едноставно има премалку автомобили на пазарот. Со оглед на тоа што дилерите една година чекаат нов автомобил поради недостиг на чипови, тие се повеќе посегнуваат по користени автомобили. Ова дополнително ја намалува понудата.
Тешко дека ситуацијата би можела да се подобри во 2022 година Ќе имаме зголемени цени на половните автомобили во 2022 година, предвидува Пекрун.
