Пазарот на нафта мирува, што спремаат Кувајт и шеикот?
Цените на нафтата во Азија стагнирале, бидејќи инвеститорите го чекаат објавувањето на извештајот за залихите на САД, потоа под заседанието на американската Управа на федерални резерви.
Цената на американската „Лесна“ нафта (WTI) за испорака во декември пораснала пет центи на 43,25 долари, а цената на сировата нафта „брент“ за декемвриската испорака скокнала за 4 центи на 46,85 долари по барел.
Аналитичарите очекуваат денешниот извештај на американската Администрација за енергетски информации да укажат на скок на залихи во неделата заклучно со 23 октомври. Трупањето на залихи обично се толкува како сигнал на слаб пазар во земја која е најголем светски потрошувач на нафта, што ја намалува цената на „црното злато“.
Благите есенски времиња ширум САД, во комбинација со големо произведување на нафта и природен гас, допринесуваат за трупање на залихи, кои, како што оценува франс прес, се близу до историски максимум.
„Слабоста на цената на нафта воглавно потекнува од очекуваното објавување на извештајот за залихи на САД“, изјавил инвестиониот аналитичар на сингапурската компанија Даниел Анг .
Состанокот на ФЕД ќе заврши доцна денес, а се очкеува дека таа институција ќе ги задржи каматните стапки на рекордно ниско ниво поради слабоста во америка и другите глобални економии, посебно во Кина.
„Не очекуваме ФЕД да ја промени оваа недела политиката“,се наведува во коментар на банката Номура секјуритис.
Емирот на Кувајт Шеик Сабах ал Ахмад ал Сабах предупредил дека приходите на земјата паднале околу 60 одсто поради ниските светски цени на нафта.
Тој ги повикал сограѓаните да бидат спремни на економски реформи, истакнувајќи дека мора да се спроведат брзи реформи и сериозни и итни мерки да се завршат истите и да се постигнат целите, посебно околу намалување на јавната потрошувачка.
Емирот не наведе која програма или потрошувачка треба да бидат намалени. Оваа мала земја членка на ОПЕК обезбедува богати социјални програми за 1,1 милион од своите околу четири милиони граѓани. Кувајт го има најслободниот политички систем меѓу арпаксите земји во Персискиот залив во жива штампа.