Пазарните инспектори направиле контроли кај 200 трговци - што откриле?
Пазарните инспектори направиле контроли кај 200 трговци по пријави дека нема леб, зејтин и брашно.
Tие контролирале цени на производи, резерви, почитување на законските прописи и владини одлуки.
Директорката на ДПИ, Анета Симеска-Димоска изјави дека кај 41 субјект имало постапување спротивно на Законот за трговијата, а 19 не ја почитувале одлуката за посебни услуги во трговијата. 18 „заработиле“ казни поради тоа што не ја почитувале ограничената маржа донесена од Владата.
„Кај производителите на зејтин е направена проверка и сакам да информирам, да пренесам дека само кај еден од производителите, каде што е завршена контролата, има рафинирано масло, кое е спремно за пакување, доволно во количини за три месеци. Имаме и дополнително суровина доволна за три месеци. Во овој момент немаме проблем. Има резерва од 100.000 литри, кои ќе се дистрибуираат кај трговците во согласност со побарувачката. Во однос на цената, таа е во рамките на очекуваното со минимални зголемени трошоци во однос на тоа како се продаваше маслото изминатиот период, од стотина до 104 денари“, додава директорката.Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од денеска осум прехранбени производи ќе се продаваат со нула ДДВ и ги повикува граѓаните да побараат фискални сметки во маркетите.
Слично
