Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАЗАРНИОТ ИНСПЕКТОРАТ СЕГА ГИ „ЧЕШЛА“ ФАБРИКИТЕ ДАЛИ ЌЕ ГИ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ - Симеска вели дека контролите се тешки поради обемната документација

ПАЗАРНИОТ ИНСПЕКТОРАТ СЕГА ГИ „ЧЕШЛА“ ФАБРИКИТЕ ДАЛИ ЌЕ ГИ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ - Симеска вели дека контролите се тешки поради обемната документација

Откако Владата ја намали цената на струјата за повеќе од 80 компании за прехранбениот сектор и за нив обезбеди цена на електричната енергија од 80 евра за мегаватчас, Владата најави дека тоа ќе доведе до намалување на цените за околу 10 отсто.

Граѓаните, пак, очекуваа дека веднаш ќе се почуствува намалување на цените низ маркетите на прехранбените производи, но според нивните изјави деновиве, изостана планираното поевтинување на намирниците.

Фактор разговараше со директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска, за тоа дали Пазарната инспекција врши контроли за тоа зошто цените не се намалени согласно предвидувањата.

Симеска објаснува дека во моментов Пазарниот инспекторат врши контроли кај производителите кои добија поевтина цена на струјата, во смисла дали тоа ќе се одрази и кај нивната производна цена по која ќе им продаваат на трговците, но, како што вели, документацијата е обемна, и не може веднаш да се излезе со наодите.

„Во моментов течат контрочлите кај производителите. Ние со нашите сознанија за тоа дали производителите ги намалуваат цените во сооднос со поевтината струја ќе излеземе на брифинг некаде во четврток, а за нашите сознанија ќе ја информираме и Владата“, објаснува Симеска.

Но, таа вели дека треба да се има предвид дека тие проверки не се лесни, бидејќи секој производител користи различни колични струја за својот производ, а некои производители, на пример, работат на нафта и дрва, така што кај нив не би требало да се очекува поевтинување согласно пеовтината струја.

Притоа, пак, треба да се има предвид дека впо последниве денови значително се поевтинети и бензините и дизелот, согласно случувањата на светските берзи.

„Има многу трговци кои уште имаат од старите залихи кои се набавени од производителите по повисоки цени, и тие не можат самоволно да им ги намалат цените, освен доколку производителот со кого имаат склучено договор, самиот не им ја намали цената на неговиот производ, па и тие да продаваат поевтино. Затоа и се очекуваше поевтинувањето да се види прво кај лебот, бидејќи тој производ се продава на дневна основа и таму има помалку залихи. Како што реков, правиме контроли и за сите наоди ќе ја информираме Владата и ќе видиме што таа ќе одлучи“, рече Симеска.

Инаку, директорката на Пазарна инспекција е децидна дека инспекторите не можат да влијаат на цените кај трговците врз основа на поевтината струја, ниту да им даваат налог да ги сменат, ниту да ги казнуваат.

„Треба да сфатат и граѓаните, и новинарите, дека ние во тој дел не можеме да влијаеме и не можеме за таа работа да пишуваме казни“, објаснува Симеска.

Според неа, ДПИ има надлежност да ги контролира трговците дали постапуваат според владината одлука за намалените маржи донесена уште пред неколку месеци, со кои Владата ги одредите маржите на 5 и 10 отсто за 13 основни производи, а која одлука е сеуште во сила и ќе важи се до крајот на декември оваа година.

„Во моментов, трговците се однесуваат во согласност со таа одлука“, објаснува Симеска во изјава за Фактор.

Нина Нинеска-Фиданоска

Слично

Поврзани вести