Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пазарите шарени, но цените растат: Колку чини цвеќе за 8 Март годинава?

Пазарите шарени, но цените растат: Колку чини цвеќе за 8 Март годинава?

Во пресрет на Меѓународен ден на жената, градовите добиваат поинаква, поразиграна и шарена атмосфера. Маркетите, цвеќарниците и пазарите се исполнети со мирис и бои, а рафтовите се преплавени со различни видови цвеќиња. Букети, саксиски растенија и украсни аранжмани внимателно се подредени, подготвени да завршат во рацете на нивната сакана мајка, сопруга, баба, тетка на 8 Март.

Цвеќето со децении важи за еден од најнежните симболи на вниманието и почитта. Еден букет или саксија со цвет често е доволен за да се каже „благодарам“ – на мајката, сопругата, сестрата, колешката или пријателката. Токму затоа, овие денови пред празникот продажбата значително се зголемува, а изборот е поголем од вообичаено.

Цените генерално започнуваат од околу 100 денари па нагоре, во зависност од изборот. Меѓу најпопуларните се орхидеите, кои важат за симбол на елеганција и префинетост, а нивната цена во овој период достигнува околу 1000 денари. 

Од друга страна, меѓу најдостапните саксиски цвеќиња се зумбулите. Покрај нив, често се купуваат и кали, Спатифилиум и Гузманија. За годинешните осмомартовски цени може повеќе да се прочита на Женски Магазин.

Слично

Поврзани вести