Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАЗАРЕТЕ ВО НАЈБЛИСКИТЕ ПРОДАВНИЦИ - еве што советува Агенцијата за храна

ПАЗАРЕТЕ ВО НАЈБЛИСКИТЕ ПРОДАВНИЦИ - еве што советува Агенцијата за храна

Агенцијата за храна и ветеринарство со серија совети до граѓаните како да се однесуваат кога пазарат намирници што им се потребни.

Еве што кажува Агенцијата.

Пазарете во најблиските продавници, бидејќи со тоа го ограничувате и скратувате времето на движење надвор од домот.
Задржете се што пократко во продавницата, со тоа што ќе направете список дома за вашите потребни намирници и  така ќе го скратите времето на престој во продавниците за храна.
Доколку е возможно обезбедете маска и ракавици и користете ги за време на пазарењето.
Кога избирате храна во вакви услови, најдобро е да изберете прехранбени производи кои вообичаено ги купувате, така што не морате детално и целосно да ги читате иформациите од етикетите, бидејќи тие етикиети од  претходно ви се познати.
Задолжително направете визуелен преглед на амбалажата или производот, односно проверете дали амбалажата е оштетена и проверете  ги органолептичките својства.
Задолжително проверете  го датумот на производсво, односно рокот на траење.

По завршување на пазарењето и излегувањето од продавница, дезинфицирајте ги рацете со препорачано средство за дезинфекција.

Користените ракавици за еднократна употребапо напуштањето на продавницата фрлете ги во канта за отпадоци.

Слично

Поврзани вести