Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пазарен инспекторат ги анализира попустите за „Black Friday“

Пазарен инспекторат ги анализира попустите за „Black Friday“

Државниот пазарен инспекторат од понеделник ќе соопшти дали имало измами со понудените попусти од страна на трговците за време на вчерашниот „Black Friday“ во шопинг центрите.

Од таму велат дека прво се прават споредбени анализи на претходните и вчерашните цени на производите што се нуделе, по што инспекторатот исходот ќе го соопшти во јавност.

Казните за измамничко рекламирање се движат од 4.000- 5 000 евеа за трговецот, велат до пазарниот инспекторат. Но дали има неправилности во работењето од страна на трговците ќе се знае во понеделник кога ќе заврши скенирањето на ситуацијата.


Слично

Поврзани вести