Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пазарџиите продаваат збунети на зелените пазари

Пазарџиите продаваат збунети на зелените пазари

Продавачите на зелените пазари низ Македонија секојдневно се на тезгите но се збунети кога станува збор за новиот закон за трговија кој стапи во сила од 1 јануари и не знаат каде и како треба да се извади потребната лиценца, бидејќи не им е појаснета ситуацијата.

Со новиот Закон пазарџиите мора да имаат лиценца, а неа ја издава Комората на трговци на Македонија. И Групацијата за пазари побарала и таа да добие јавно овластување за издавање на лиценци.

Дел од пазарџиите добиле информација дека инспекциите од понеделник ќе почнат да одат по пазарите и дека во прво време ќе имаат советодавна улога да им посочат на пазарџиите кои им се новите обврски околу лиценцирањето

Инаку лиценцата еден закупец на тезга ќе го чини 60 евра.


Слично

Поврзани вести