ПАЗАР НА ТРУД: Има дури 9.000 слободни работни места
Бум на слободни работи места има во моментот во Македонија.
Во државата има околу 9.000 работни места за кои се бараат работници.
Најчесто се бараат продавачи и работници за во преработувачка индустрија.
Податоците на Агенцијата за вработување ја покажуваат оваа состојба.
Најголем дел од слободните работни места се во Скопје, или 5.132 слободни работни места.
Зад главниот град, следуваат Штип со 485 и Куманово со 398 слободни работни места.
Во помалите градови состојбата е полоша.
Најмалку слободни работни места за вработување има во Ресен – четири, во Крушево и Кратово по две и во Валандово едно работно место.
Претходно, се случувало бројот на слободни работни места да биде над 6.000, над 7.000, но оваа бројка сега е навистина висока.
