Павловска Данева: Антикорупциска само му служи на режимот, не сум земала две плати!
Пратеничката Ана Павловска Данева тврди дека антикорупциската комисија не ги познава законите. Во изјава за Бриф.мк Данева појаснува дека таа не земала две плати.
Таа вели дека нејзиниот работен однос на Правниот факултет го ставила во мирување истиот ден кога била избрана за пратеник, „па затоа изјавите дека земала две плати претставуваат груби лаги и дезинформации,“ вели Данева.
„Елементарно непознавање на правниот систем е ваквата изјава на Антикорупциската комисија. Тие морале да знаат дека Министерството за финансии автоматски ме брише од платниот список на Факултетот штом го ставам работниот однос во мирување но никој не очекува тоа да го разберат луѓе чија единствена задача е да му служат на режимот и не размслуваат многу,“ вели пратеничката и потпретседател на СДСМ.
Претходно Антикорупциска комисија донесе јавна опомена за Даневска и побара од неад за две недели да реши, дали ќе остане пратеник во македонското Собрание или ќе предава на Правниот факултет, бидејќи двете работи, согласно законот не може да ги врши. Антикорупционерите донесоа одлука со која на Ана Павловска Данева и се дава рок од 15 дена, доброволно да се откаже од една од функциите.
Слично
