Економија, финансии, бизнис

Контакт

Павлопулос повтори дека има два услови за Македонија да се интегрира во ЕУ и НАТО

Павлопулос повтори дека има два услови за Македонија да се интегрира во ЕУ и НАТО

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос вели дека решение на името што нема да шири иредентизам и уставна ревизија се предусловите за напредок на Македонија кон НАТО и ЕУ. 

И покрај договорот, за Павлопулос предусловите за европска и евро - атлантска интеграција остануваат исти. Своите ставови, ги повтори на средбата со неговиот индиски колега Рам Хат Ковинд.

„Бидејќи е познато дека името што денес го има оваа земја, уставното име, шири иредентизам. Треба да се реши прашањето со името, така што ова име да не шири иредентизам. А за да се случи ова, ќе треба да има ревизија на нивниот Устав. Ова е прифатено од сите и од самата држава, како што произлегува од договорот, што беше потпишан вчера во Преспа“- рече тој. 

Прокопис Павлопулос повтори дека Грција се стреми кон пријателски и добрососедски односи, ја поддржува европската и евро – атлантската интеграција на Македонија, но само доколку се исполнат поставените и договорените услови.

Слично

Поврзани вести