Економија, финансии, бизнис

Контакт

Павлопулос нема да се преговара за ветото за Македонија

Павлопулос нема да се преговара за ветото за Македонија

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос е категоричен дека нема да се преговара за ветото за Македонија.

Тој на церемонијата во местото Негуш, град на северот на Грција, уште еднаш повтори дека неговата земја веќе стави вето на интеграцијата на ФИРОM,  за влез во Европската унија и во НАТО и дека за тоа не може да се преговара.

„Станува збор за цинични фалсификатори на грчката историја, кои се однесуваат како во тоталитарни режими за што пример беше варварското однесување кон мигрантите, не можат да се претставуваат дека се пријатели на Грција“ - изјави Павлопулос.

Тој во близина на Негуш ги посети гробниците на античките Македонци. Пo церемонијата на грчката војска кажа дека ветото останува се додека ФИРОМ инсистира на погрешното толкување на историјата и ја присвојува грчката историја.

Слично

Поврзани вести