Економија, финансии, бизнис

Контакт

Павлопулос: Конзервативен претседател на Грција

Павлопулос: Конзервативен претседател на Грција

Прокопис Павлопулос е избран за нов претседател на Грција. Павлопулос, професор по правни науки и поранешен министер за внатрешни работи доби 233 од вкупно 300 гласа во парламентот, што е многу повеќе од потребниот минимум од 180 гласови.

Павлопулос го сметаат за близок човек од доверба на поранешниот премиер Костас Караманлис, кому му служеше како министер за внатрешни работи. Тоа пријателство беше толку блиско, што Павлопулос секогаш тврдеше дека би ја напуштил политиката ако Караманлис се повлече.

Павлопулос, правник со докторат од Франција,беше министер за внатрешни работи кога Грција на крајот од 2008 година ја зафати дотогаш невиден бран на насилство откако од полициски куршум во атинската населба Егзархија загина 15-годишниот Алексис Григоропулос.

Додека неговиот противкандидат професорот по уставно право Никос Аливизатос кој беше кандидиран од новата партија „То Потами“ доби 30 гласови.

Останува да се почека за да се види дали Павлопулос е вистинска симболична фигура за борбата против ислужените партиски и клиентелистички интереси, како што повеќепати се закани премиерот Ципрас.

Слично

Поврзани вести