Павлопулос во Белград не заборави индиректно да испрати порака до Македонија
Грчкиот претседател, Прокопиос Павлопулос ја започнува денеска дводневната посета на Србија.
Тој ќе има средба со српскиот колега Александар Вучиќ.
Предвидено е двајцата претседатели прво да имаат тет-а-тет средба, по што ќе им се придружат делегациите од двете земји. Павлопулос подоцна ќе има работна средба и со српската премиерка Ана Брнабиќ.
„Сакаме да ја продолжиме нашата соработка на зацврстувањето на мирот, безбедноста и на доследното спроведување на меѓународното право во нашето опкружување, на Балканот, воедно на сите соседи испраќајќи порака дека пријателството и добрососедските односи зависат исклучиво од исполнувањето на овие обврски. Што се однесува на нашите соседи кои настојуваат да влезат во ЕУ, оваа порака има дополнително значење, бидејќи целиот процес на нивното на нивното зачленување подразбира исполнуваше на наведените обврски“ - вели за „Политика“ шефот на грчката држава.
