Економија, финансии, бизнис

Контакт

Павле Трајанов реизбран за претседател на Демократски сојуз

Павле Трајанов реизбран за претседател на Демократски сојуз
Павле Трајанов е реизбран за претседател на Демократски сојуз, на денешниот 5-ти конгрес, кој се одржа во Скопје. Трајанов доби едногласна поддршка од своите сопартијци. Тој најави промени кои ќе се случат на претстојните предвремени парламентарни избори. Кажа дека партијата е подготвена за самостоен настап на изборите и е отворен за соработка. „Колку што повеќе не' притискаат, толку сме поединствени и цврсто определени да предлагаме решенија и да ги движиме и менуваме работите“-вели Трајанов. Побара одговорност за сите сторители на тешки кривични дела, одвојување на партиите на власта од државата и поддршка за СЈО, прочистување на избирачкиот список и други реформи. Трајанов предлага парламент од 90 пратеници, двојно намалување на бројот на министри и намалување на бројните агенции, регулаторни тела, како и целосно укинување на репрезентацијата на функционерите.
Слично

Поврзани вести