Економија, финансии, бизнис

Контакт

Павле Трајанов предлага формирање на политичко-експертска Влада

Павле Трајанов предлага формирање на политичко-експертска Влада

По одлуката на ДУИ да ги повлече министрите од Владата, лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов вели дека би било добро тоа да е во насока на формирање на политичко-експертска Влада.

Трајанов смета дека оваа Влада ќе има подолгорочен мандат, за да спроведе суштински реформи во клучните области како судството и изборниот процес.

„Тоа би било разумна одлука ако во таа насока се одвиваат работите, бидејќи повеќе од јасно е дека нема услови за фер и демократски избори на 5 јуни, кога имаме целосна и системска блокада на сите институции. Сите партии треба да учествуваат во процесот согласно бројот на пратеници, заеднички да ја поделат одговорноста. Четирите најголеми партии се тие што ја донесоа земјата во ваква состојба“  - вели Трајанов.

Во политичко-експертската влада би биле сите партии кои во моментот партиципираат во Собранието, заедно со ВМРО-ДПМНЕ.

Трајанов се надева на реализирање на реформи во повеќе сфери, кои ќе овоможат фер избори.

Слично

Поврзани вести