Павле Трајанов ќе биде независен пратеник
Павле Трајанов, пратеник и лидер на Демократскиот сојуз, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ќе дејствува како независен пратеник во Собранието.
Тој веќе поднел такво барање до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, a во наредниот период ќе работи на формирање на нов политички блок за изборите во 2016 година.
Во последниот период јавните настапи на Трајанов беа спротивни од политиката на владејачката коалиција , а тој не ни присуствуваше на средбите на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
