Економија, финансии, бизнис

Контакт

Павле Богоески: Нема да бидеме завртка во систем кој продуцираше криминал!

Павле Богоески: Нема да бидеме завртка во систем кој продуцираше криминал!
“Долго време сметав дека корените на проблемите поттикнуваат исклучиво од партиите на власт. Но, како што поминува времето, како се повеќе и повеќе информации се обелоденуваат во јавноста, сфаќам дека најголемиот дел проблеми кои ги има нашето општество се резултат на една мала криминална група во врхушката на власта. Таа група ја користи нашата држава и институции како средство за извршување на кривични дела. Како што провалникот ќе употреби клуч калаус за да провали во својата нова цел, така Груевски ќе го употреби Собранието или ДИК, Судовите, или која било друга институција како средство за извршување на своите кривични дела – изборни измами, влијаење врз судски постапки, злоупотреби на тендери, јавни набавки, масовни прислушкувања и многу, многу повеќе. Нашиот најголем проблем е дека оваа ситуација се уште ја третираме како „политичка криза“. Ова не е политичко, туку кривично, криминолошко и криминалистичко прашање и мора да биде третирано како такво”- вели за Фактор, граѓанскиот активист Павле Богоевски од  движењето “Протестирам”. Граѓаните според него  веќе не се плашат јавно  да го кренат својот глас и стануваат свесни дека правдата е цена за којашто вреди да се борат до самиот крај. Тоа како што вели го покажаа изминативе три недели, ќе го покажат и по празниците.  Сите останати пораки – против аболицијата, против изборите, против криминалниот режим, смета Богоевски, се артикулација на одбивањето  на граѓаните да молчат,  додека едни исти структури ја киднапираат државата и општеството, не грижејќи се колку човечки животи ќе уништат на патот до својата цел. 13102630_10208756828621129_1729639864250809843_n“Комфорноста на молкот е мошне привлечна. Оваа власт покажа дека ако си послушен и нем, можеш и да успееше до некаде во животот. Можеш да стигнеш некако до одредена плата која ако имаш среќа ќе ги покрие едвај твоите најосновни потреби. Ако си партиски поистакнат, ќе стигнеш и до два-три тендери. И, за да продолжиш да живуркаш, само треба да молчиш и да трпиш се. Најголемата лага која ја произведоа е дека сето тоа трпење е во име на државата, односно на партијата на власт која е поистоветена со државата во секој можен поглед. Но времето покажа дека сето тоа е само во интерес на грст криминалци за кои нема ништо свето и за кои „државата“ и „партијата“ се само средства за извршување кривични дела и празни зборови кои ја засилуваат нивната пропаганда. Останатиот дел од проблемите се должат на самите нас – на сите граѓани кои изминатите години полесно се одлучуваа да бидат нема завртка во криминалниот систем, наместо да бидат клучот кој ќе го блокира. Затоа, луѓето на улиците одлучија дека нема повеќе да трпат и да ја голтаат нивната евтина пропаганда. Дека имаат храброст да бидат клучот што го блокира криминалниот систем, па дури и по цена на кршење на самиот клуч”-вели Богоевски. Во Скопје и низ градовите низ земјава  се случуваше “Шарена револуција” која во своите редови обедини студенти, професори, уметници, политичари, обични граѓани. Но од самите почетоци имаше и контрапротести во одбрана на власта  која инсистира на избори по секоја цена, која допринесе да се продлабочи јазот помеѓу граѓаните. “Јазот помеѓу граѓаните никогаш не бил подлабок. Секој кој се обидува да го банализира или релативизира тој јаз се лаже себеси и води празна и неискрена битка. Навистина не ми се јасни контрапротестантите и тоа е мој, а не нивен проблем. Не можам да ја разберам комбинацијата од толку силната идеологија и толку малото засновање на таа идеологија во реалноста и во фактите. Но, контрапротестите се ралност која не може, но и не треба да биде игнорирана. Тоа што треба да се направи е да се појасни пред целата јавност дека ова не е битка против одредена партија (ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ), ниту против одредена идеологија. Ова, кратко и јасно, е битка против криминалци, против луѓе кои првата работа која ја узурпираа е токму партијата и идеологијата која тврдат дека ја застапуваат. Верувам дека голем број од тие луѓе што присуствуваат на контрапротестите со телото се таму присутни, а со умот се со нас. Но, ги разбирам, притисокот врз нив е многу голем, па затоа и правиме напори тој притисок да го скршиме и да се избориме за заедничка слобода и заедничка борба за правдата”-објаснува граѓанскиот активист. 26591347912_6d3e0575fa_hСтраотна порака и поразителна перцепција според него е пораката од другата страна за времено укинување на невладините организации, на дел од партиите за да го сотрат секој неистомисленик. Проблемот со наративата на контрапротестите вели не е опасноста навистина да бидат укинати дел од невладините и партиите, туку нацистичката идеологија која е во нејзината срж, а таа идеологија е спакувана во многу навидум убави, патриотски и силни мисли за одбрана на државата од измислени непријатели, за обединување на македонскиот народ зад криминални идоли, за селективна правда (протестирањето само против аболицијата на Заев), но, во својата срж, како што вели оваа нарација има национализам, насилство и поларизирање на „патриотите“ против „предавниците“. “Барањата за макар и времено укинување на „предавнички“ невладини организации и политички партии се глупави и бесмислени во секоја држава која барем се декларира како правна држава. За жал, оваа перцепција може да води кон радикализација на „бранителите“, и поларизирање до степен на отворен судир. Во очите на меѓународната јавност, оваа перцепција може само да ја уништи и онака слабата положба која нашата држава ја има на меѓународната сцена”-потенцира Богоевски. Protestiram 0Одлуката на собранискиот спикер Велјановски за распишување на изборите, според него беше само капак на целата ситуација која кулминираше со одлуката на Иванов за аболиција на 56 лица, а тоа пак го подгреа незадоволството и извади уште повеќе луѓе на улиците. Со тоа како што вели,  само се потврди сомнежот дека нема услови за фер, слободни и демократски избори на 5ти јуни, туку и дека треба сериозно да размислиме кои се всушност условите кои се потребни за одржување на такви избори. “Дали тоа се само овие три  проблеми, прочистен избирачки список, реформа во медиумската сфера и одвојување на партијата од државата, или се потребни многу подлабоки,системски промени за да можеме оваа криза да ја крунисаме со фер, слободен и демократски изборен процес. Секој граѓанин е жртва на изборните измами, на злоупотребата на јавните пари, на прислушкувањето. Разликата е што сега, режимот се бори со последните сили, за нив ова повеќе не е само битка за власт, туку и битка за многу пари и за слобода. За жал, тоа значи дека секој „обичен граѓанин“ кој ќе го дигне својот глас против криминалците, во нивните очи ќе стане противник со кој треба најжестоко да се расчисти. И овој пат сме многу побројни, не можат да расчистат со сите нас” - додава активистот на “Протестирам”. Сомнежот дека воопшто ќе има какво било подобрување на состојбите и излез од кризата според него не е карактеристичен само за младите. Тој е во сите кои се исселија од Македонија барајќи пристоен живот, кај сите кои барем малку ги следат општествено-политичките процеси во државава. “Груевски се претставува толку непобедлив, а паралелно презентира приказна дека сите се исти. Тоа кај младите, но и кај останатите граѓани остава впечаток на однапред изгубена и безполезна битка. Прво, тој вели дека не може да го смениме, а второ, дека и дури да го смениме, повторно се ќе биде исто. Не, нема да биде исто и не, не се сите исти. Јас ја одбивам секоја споредба помеѓу главата на мафијата и човекот кој таа мафија ја објави во јавност. Кога ќе падне режимот граѓаните после долго, навистина долго време ќе ја почуствуваат својата моќ. Понатаму, на сите политичари ќе им стане јасно дека не можат неказнето да прават што сакаат и дека и дури ако нема институции кои ќе ги казнат, граѓаните ќе го сторат тоа. Затоа, не смееме да се откажеме од потрагата по промени, без разлика колку долг, мачен и болен ќе биде патот до нив”-нагласува Богоевски. saren protest1Идната недела  очекува  многу поактивно учество на граѓаните на улиците. Еден  од најпрекрасните аспекти на оваа Шарена револуција, според Богоевски  е фактот дека таа е немирна, но ненасилна. Тоа вели е вредност која обединува многу граѓани. Тоа обединување, за возврат, го елиминира стравот. “Да, луѓе се приведени и притворени. Но, фактот дека се притвораат демонстранти додека луѓето кои ја испокрадоа државава се аболицираат, како и фактот дека од третиот ден наваму, протестите се ненеасилни ги охрабрува сите на улиците. Колку повеќе не притвораат и снимаат, толку повеќе излегуваме на улиците и боиме. Го боиме нивното лице, нивната гордост. Покажуваме секој ден дека граѓаните не сакаат нова, криминално наметната историја и насилнички фабрикуван идентитет. Тоа што Груевски и фамилијата искривено го презентираа како основни симболи на оваа држава и народ, ќе останат запаметени во историјата како ништо повеќе освен симболи на нивното мафијашко владеење. Тоа за нив е многу поболно од која било затворска казна. За мене, тоа е речиси подеднакво задоволувачки како и затворските казни кои ги очекуваат. Не смееме да се откажеме. Овој процес ќе трае подолго отколку што очекувавме, но тоа не значи дека ќе биде безуспешен. Напротив, колку подолго сме на улица, толку повеќе ќе славиме кога ќе успееме. А дотогаш – НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!!!”- порачува Павле Богоевски од движењето “Протестирам”. С.Б.
Слично

Поврзани вести