ПАУЕЛ ГОВОРИ ЗА ЦАРИНИТЕ: Кажа какви ефекти може да се очекуваат
Царините кои САД ги воведе за други земји и натаму се главна тема во светот.
Претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел вели дека влијанието на царините „веројатно е значително поголемо од очекуваното“.
Тој додаде дека увозните такси ќе доведат до привремен пораст на инфлацијата, но додаде дека „исто така е можно ефектите да бидат потрајни“.
„Наша обврска е да обезбедиме еднократното зголемување на нивото на цените да не стане тековен проблем на инфлацијата“, рече Пауел.
Трамп го повика Пауел да ги намали каматните стапки, наведувајќи ја пониската инфлација и цените на енергијата.
Економистите очекуваат царините да ја ослабат економијата, можеби да го загрозат вработувањето и да ги зголемат цените.
Во некои земји луѓето упатуваат повици за бојкот на американските производи поради царините кои ги воведе Трамп на многу држави.Меѓу државите кои први се погодени со „општата“ царинска давачка од 10 отсто се Австралија, Велика Британија, Колумбија, Аргентина, Египет и Саудиска Арабија.
Повисоките давачки за стоките од 57 главни трговски партнери на САД треба да стапат во сила следната недела.
