Патувате со автомобил во Грција? Не качувајте автостопери!
Доколку патувате со автомобил во Грција, не примајте во своите автомобили луѓе автостопери. За ова предупреди Министерството за надворешни работи на нашиот јужен сосед.
Препораката се упатува предвид компликацираната миграциона состојба на територијата на Грција и движењето на голем број илегални имигранти и бегалци во патната мрежа на земјата.
Качување на човек автостопер се дефинира како трговија со луѓе, кое според грчкиот Кривичен законик и претставува сериозно кривично дело.
Предвидената за тоа казна кај нашиот јужен сосед е лишување од слобода минимум 2 години за секој илегален имигрант, посочуваат од Министерството за надворешни работи.
Слично
