Економија, финансии, бизнис

Контакт

Патувањето до работа треба да биде дел од работното време?

Патувањето до работа треба да биде дел од работното време?

Европскиот суд неодамна пресуди дека за сите работници кои немаат фиксно работно време, патувањето до работа мора да им се смета како дел од работното време.

Ова се однесува за професии како трговски патник, мајстор, сервисер или патронажна сестра. 

Судот донел ваква пресуда за да се заштити здравјето и сигурноста на работниците. 

Пресудата е донесена во врска со шпанската фирма Тико, која во 2011 година ги затворила своите регионални канцеларии по што работниците морале да трошат многу време за да стигнат до клиентите. 

Нив патувањето до работа не им се сметало како дел од работното време. 

Ова треба да го земат во обзир компании кои вработуваат луѓе, а при тоа немаат канцеларии блиску до нивното место на живеење. 




Слично

Поврзани вести