Патување без пасоши - ова го најави Ердоган во Сараево
Турција и Босна и Херцеговина договорија патување без пасоши.
Анкара и Сараево одлучија да им дозволат на своите граѓани да патуваат меѓусебно без пасоши. Наскоро одлуката ќе стапи во сила.
„Сега донесовме одлука даовозможиме патување меѓу Босна и Херцеговина и Турција со лични карти“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сараево.
Бошњачкиот член и актуелен претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ изјави дека Турција и Босна Херцеговина имаат пријателски односи, а нивните историски и културни врски се силни. Џаферовиќ рече дека Босна и Херцеговина сака да го прошири обемот на билатералната трговија со Турција на 1 милијарда американски долари.
foto Anadolija
Слично
