Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пациент избегал од психијатриската болница во Демир Хисар

Пациент избегал од психијатриската болница во Демир Хисар
Дваесет и пет годишниот прилепчанец Тони Корачовски избегал од душевната болница на седми март, а неколку часа по бегството од болницата ја известиле неговата мајка и започнала потрагата. Случајот е пријавен во полициската станица во Демир Хисар, како и во станиците од околните градови. Од психијатриската болница велат дека и нивниот персонал го бара Тони, но неговата мајка Благица и останатите блиски се изреволтирани. Тие сметаат дека со оглед на тоа дека станува збор за психијатриска болница, треба да се води поголема сметка за пациентите. Тони го започнал своето лекување во болницата пред три години, по смртта на неговиот татко, а освен тој уште две лица се сметаат за исчезнати. Условите на оваа установа се критикувани во извештаите на Хелсиншкиот комитет за човекови права и од Народниот правобранител.  
Слично

Поврзани вести