Патотот на илегални мигранти продолжува низ Велес, синоќа симнати 200 !
Вчера вечерта околу двесте мигранти на возраст од 18 до 30 години биле симнати кај Велес.
Возот сообраќал на релација Гевгелија – Скопје при што полицијата ги симнала мигрантите кои претежно потекнувале од Сирија., и истите патувале со редовна линија.
Полицијата во Велес, од возот кој синоќа сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, на железничката станица во Велес симнала околу 200 мигранти, претежно сиријци.
Од СВР Велес потврдиле дека полицијата ги симнала мигрантите на станицата во Велес и покрај нивното противење и обиди да се качат повторно во возот.
Вчера утрото пак двајца мигранти биле повредени потешко, поради како што пренесоа медиумите, сообраќајка на комбе во кое се превезувале во обид да и побегнат на полицијата додека шеснаесетмина од групата биле префрлени во прифатниот центар во Визбегово.
Слично
