Економија, финансии, бизнис

Контакт

Патот на илегални мигранти од Сирија, Ирак и Сомалија продолжува низ Македонија!

Патот на илегални мигранти од Сирија, Ирак и Сомалија продолжува низ Македонија!

Откриени се нови  случаи со мигранти од Сирија, Ирак и Сомалија  во текот на вчерашниот ден на Автопат Тетово при контрола на автобус „Неоплан“ со охридски регистарски ознаки.

Станува збор за 18 илегални мигранти на возраст од 21 до 37 години од кои петмина од Сомалија деветмина од Сирија, тројца од Ирак и една албанска државјанка.

Имено гевгеличанес во ПМВ марка “Mitsubisni Spacestar“ со скопски регистарски таблички превезувал седум илегални мигранти, пет од Сомалија и двајца од Сирија со намера да ги пренесе кон северната граница, меѓутоа од страна на УПС бил сопрен во близина на село Градец на автопатот Е-75  од Гевгелија кон Скопје.

Други двајца од страна на УПС при ПС “Рогачево“ биле забележени како во близина на месноста викана “Извори“ илегално ја преминуваат државната граница од Р.Косово кон Р.Македонија. Во близина на с.Јажинце, тие биле сопрени и откриено е дека во возилото со кои се превезувале (ПМВ марка “БМВ 530“ со тетовски регистарски таблички) има и уште едно лице Х.А. (18) албанска државјанка, за кој по проверките е констатирано дека имала активна мерка "забрана за влез во РМ", затоа што таа  претходно е  приведена на 30.12.2014 година во УО "Кораби" како танчерка. Таа со помош на Џ.И. илегално ја преминала државната граница, а од извршениот преглед врз пријавените и на возилото кај Х.И. биле пронајдени 58.000 денари и 1970 евра.

Во третиот случај кривично се пријавени грчките државјани Г.Е. (47) и Д.Г. (26) за кои исто така Судија од претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од по осум дена. Имено тие со две возила ПМВ  комбе “опел зафира“ (управувано од Г.Е.) и ПМВ “шкода рапид“ (управувани од Д.Г.) се сопрени од страна на УПС во близина на село Прдејци и при прегледот е констатирано дека во првото возило биле сместени четворица илегални мигранти од Сирија, додека во второто возило тројца државјани на Сирија, кои што од нивна страна биле пречекани во близина на село Мрзенци со намера да бидат пренесени кон северната граница.

За четвртиот случај се товари битолчанец кој бил сопрен од страна на сообраќајна полиција на излезот од Битола во населбата Горно Оризари и притоа во неговото возило “опел вектра“ откриени се тројца илегални мигранти од Ирак кои за надомест од по 80 евра требало да ги пренесе од Битола до Скопје. Судија од претходна постапка и нему му одреди мерка притвор во траење од осум дена.

Слично

Поврзани вести