Економија, финансии, бизнис

Контакт

Патот кон успехот е поплочен со познавањето на странски јазик

Патот кон успехот е поплочен со познавањето на странски јазик
Две третини од вработените Европејци на возраст меѓу 25 и 64 години знаат барем еден странски јазик, покажуваат податоците на Евростат. Највисок е овој процент во Луксембург. Цели 99% од граѓаните на оваа мала држава знаат барем еден странски јазик. Литванија и Латвија ги завземаат второто и третото место, односно со 97% и 95%. Веднаш по нив се Данска, Словенија и Шведска, во кои над 90% од населението се грижат за вештината за комуникација на странски јазици. На спротивната страна е Унгарија со 37% од населението кое има познавање на странски јазици. На претпоследното место тука е Бугарија каде едвај 39% од работниците владеат барем еден странски јазик. Просечното ниво за целата Унија е 66%. Важно е да се напомене дека за некои земји како Велика Британија, Еуростат нема податоци и тие не се вклучени во оваа графика. Значаен е трендот кај малите земји да имаат повеќе лингвисти меѓу населението, инаку граѓаните ќе им бидат осудени на помалку можности. Знаењето на еден или повеќе странски јазици ја олеснува значително мобилноста на граѓаните меѓу заедничкиот пазар на труд во Унијата и доведува до зголемување на животниот стандард, како и на можноста за контакт со различни култури. На што се должат овие разлики според вас - на културни, историски, политички разлики или нешто друго? Може да го оставите своето мислење во коментар. grafika jazici K.K.
Слично

Поврзани вести