ПАТОТ ДОЈРАН-ВАЛАНДОВО кобен за 67-годишен струмичанец!
67-годишен струмичанец вчера го загуби животот на регионалниот пат Дојран-Валандово кај раскрсницата за с.Дедели кога губејќи контрола над возилото излетал од патот.
Добил тешки телесни повреди , но и покрај брзата реакција на медицинскиот центар во Струмица В.Н. вечерта им подлегнал на повредите.
Официјалните податоци на МВР велат дека незгодата се случила вчера попладне околу 15:35 ч, кога шеесет и седумгодишниот струмичанец В.Н. со својот автомобил „пасат“ излетал од патот, кај валандовското село Дедели.
После направениот увид на надлежните се очекуваат причините за кобната несреќа.
Слично
