Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАТОТ ДО УСПЕХОТ: Како најбогатите луѓе во светот, ја нашле нивната прва работа

ПАТОТ ДО УСПЕХОТ: Како најбогатите луѓе во светот, ја нашле нивната прва работа

Да ја работите професијата што ја сакате и која ви овозможува да бидете задоволни ментално и материјално, е резултат на голем труд, работа и упорност.

Ни луѓето кои денес имаат милиони, не стигнеле до врвот со скрстени раце. Некои од нивните приказни можеме да ги користиме за мотивација.

Џон Дејвисон Рокфелер

Еден од најбогатите луѓе во историјата ја нашол својата работа по шестнеделно посетување на многу компании и фирми.

Тој ги посетувал компаниите и барал да се сретне со директорите. Во многу случаи нему вратите му биле затворени, но тоа не го спречило да продолжи да ја бара работата што ја сака.

Во периодот од тие шест недели Рокферел одел во сите компании што ги имал во неговиот список, а откако ќе ги посетел сите почнувал пак од почеток.

На крајот отишол во копманијата “Hewitt and Tuttle”, каде имал успешно интрвју и се вработил.

Изреката на Рокферел е „Секој ден работев на работа, барајќи работа”.

Лари Пејџ -

Во 2002 година Google речиси немал никаков профил. Сè додека основачите Лери Пејџ и Сергеј Брин не слушнале за сајтот Goto.com кој го основал бизнисменот Бил Грос.

Грос имал нешто што тие двајца немале - заработка.

На неговиот сајт компаниите плаќале нивните веб страни да се појавуваат на врвот на пребарувањата, според одредени клучни зборови.

Користејќи ја неговата идеја, Пејџ и Брин направиле сопствен механизам наречен AdWord Select, благодарение на кој Google почнал да заработува.

Харолд Хем

Хем е извршен директор на нафтената компанија Continental Resources. Никогаш не завршил факултет, а роден е како 13-то дете во семејство кое преживувало берејќи памук. Работел на бензиска и поправал автомобили, пред да основа своја компанија на само 22 години.

Опра Винфри

Таа една од најмоќните и највлијателните жени на светот, а успела да се избори за себе си поради нејзината јака желба за успех и амбиција.

Растена е во дисфункционално сиромашно семејство, до нејзината 16-та година кога си заминува од дома и бара подобра иднина.

Во нејзините тинејџерски години случајно наоѓа работа како радио репортер. Денес таа успеа да го оствари својот сон и да има сопствено Talk Show, веб сајт, магазин итн.

Слично

Поврзани вести