Економија, финансии, бизнис

Контакт

Патниот правец Кочани-Македонска Каменица отсечен од светот!

Патниот правец Кочани-Македонска Каменица отсечен од светот!
Доколку патувате кон источниот регион на земјава, од АМСМ информираат дека патниот  правец Кочани – Македонска Каменица е во целосен прекин поради  големи одрони од камења и истиот се пренасочува кон  Виница - Берово и Делчево. На патниот правец Катланово – Велес после наплатната станица Сопот, поради голем одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што има поставено сообраќајна сигнализација. Исто така поради голем одрон на патниот правец Р-2132 Македонски Брод - Скопје, поточно Близанско - Козјак на 1,6 км после браната, воведена е забрана за сообраќај за секаков вид на моторни возила. Од АМСМ исто така информираат дека Сообраќајот на патниот правец Р1401 Струмица – Гевгелија е во прекин кај клучката Марвинци (подвозникот) поради излевање на река Вардар на коловозот. Патниот правец Битола-Старавина Р-1311, 8 км. пред село Новаци затворен е за сообраќај поради висок водостој. Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трботивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово. Поради зголемување на нивото на реката Брегалница, превентивно е затворен патниот правец од Ново Село кон Радовиш. Локалниот пат за с.Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и истиот се одвива преку с.Подареш-Радовиш.
Слично

Поврзани вести