Патниот правец Дебар – Струга затворен за тешки товарни возила
Внимателно управување со возилата и почитување на патната сигнализација. Ова се препораките за возачите од АМСМ од каде соопштуваат дека утринава сообраќајот на сите патни правци во државава се одвива тековно во зимски услови.
Од таму нагласуваат дека на патот Дебар - Струга воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, а на останатите патни артерии поради ниските температури има појава на голомразица како и остатоци од снег.
Според информациите на АМСМ во клисурите и усеците можна е појава и на помали одрони, особено на патните правци Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.
Слично
