Патиштата блокирани, грчките земјоделци на протест
Од денеска грчките фармери почнаа со редовни блокади на патиштата поради одлуката на грчката Влада да одобри економски мерки со кои се укинуваат даночните олеснувања врз приходите на земјоделците како и заради доцнењетона државни субвенции.
Блокади имаше попладнево на патиштата во централниот и северниот дел од државата. Блокиран беше и еден од премините на грчко-бугарската граница. Во близина на Солун, пак фармери даваа земјоделски продукти на возачи кои застануваа почитувајќи го нивниот протест.
Ваквите мерки на штедење се дел од условите за добивање финансиска поддршка од другите 16 држави од еврозоната и од ММФ.
Слично
