ПАТЕНИЦИТЕ ДАДОА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО: Законите од Пржино изгласани!
Со жестоки дебати и натегања, пратениците синоќа дадоа зелено светло на законите од Договорот во Пржино.
Со ова изгласување практично тие го отворија патот кон предвремени парламентарни избори.
Законите се дел од пакетот што го договорија четирите партии потписнички на договорот од Пржино.
Доколку се оди според она што е договорено, Законодавниот дом треба да се распушти на 10 октомври, доколку избори се закажат на 11 декември. За преодна влада сто дена пред избори, ќе се менува Законот за Влада.
Законот за внатрешни работи ќе претрпи измени по неколку основи и тоа прво треба да се изгласа неговата суспензија, односно одложена примена за една година, а на министерот за внатрешни во преодната влада, ќе му се дозволи да направи 15 смени во менаџерските структури на МВР и да смени 10 отсто од раководните лица по хоризонтална линија.
Со измени во законот за медиуми ќе се воведе петчленото ад-хок тело што ќе биде составено од партиски предлози, а треба да ја контролира балансираноста на објавите во медиумите 100 дена пред одржувањето на изборите, а опозициската партија вчера упати повик до новинарите да предлагаат членови на ова контролно тело.
