Патарините годинава со повеќе наплата од граѓаните
Во првата половина од 2018 година граѓаните за патарини платиле 55 милиони денари или 5,3 проценти повеќе во споредба со истиот периодлани.
Од Јавното претпријатие за државни патишта на прес-конференцијата во Владата велат дека тоа се должи на зголемениот интензитет на сообраќајот и подобрата организираност на патарините.
- За десетина дена очекувам да почне да функционира електронската наплата на патарините и тоа во прво време на Коридорот 10. Во моментов подготвени се патарините кај Романовце, Сопот и Отовица. Се прават напори и за патарината кај Кавадарци, но со надградување на постоечкиот софтвер. Од септември ќе се работи и на патарините на Коридорот 8 - информира директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран Китанов,
