Економија, финансии, бизнис

Контакт

Патарината во Србија поскапува за 20%?

Патарината во Србија поскапува за 20%?
Државната агенција Патишта на Србија бара од српската Влада да дозволи поскапување на патарините за 20%. Барањето за повисока цена на патната такса, како што пренесуваат српските медиуми,  в.д. генералниот директор, Зоран Дробњак веќе го испратил до Владата. „Патарината би требало да поскапе за 20%, колку што изнесува Данокот на додадена вредност (ДДВ“), изјави Дробњак за РТС и потенцираше дека цената на патарината не е сменета веќе пет години. Тој за понеделник најави седница на Управниот одбор на која ќе се разговара за иницијативата за поскапување
Слично

Поврзани вести