Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паскали:Брисел и МЗ никогаш нема да го решат македонско – грчкиот спор

Паскали:Брисел и МЗ никогаш нема да го решат македонско – грчкиот спор
Корумпираните анти-европски бирократи во Брисел и т.н. Меѓународна заедница никогаш нема да го решат проблемот во македонско грчкиот спор бидејќи тие делуваат како оркестрирана инфекција на Балканот која поаѓа од поговорката „раздели па владеј“. Затоа Македонија и Грција треба да и се обратат на Русија и од неа да побараат таа да биде медијатот во спорот за името помеѓу двете земји бидејќи таа има волја и интерес да спроведе независна и успешна медитација. Ова во интервју за „Гласот на народот“ го изјави американскиот аналитичар и познавач на случувањата на Балканот, Умберто Паскали, кој смета дека грчко – македонската конфронтација не е од корис ниту за Македонија, ниту за Грција и според него тоа е оркестрирана инфекција на Балканот која поаѓа од поговорката „раздели па владеј“. „Македонија и Грција треба да побараат Русија да интервенира како чесен посредник, почитуван од двете страни, како и во добри односи со Турција и поголемиот дел од земјите на Балканот“, нагласува амариканскиот експерт за македонско-грчкиот спор. Што се однесува за и околу ситуацијата на Балканот и однесувањата на премиерите на балканските земји, Паскали со коментар дека Македонија веќе подолг период е под притисок на надворешни сили.
Слично

Поврзани вести