Паскали: Од промената на трасата на „Јужен тек“ најмногу ќе изгуби Бугарија
Бугарија е земјата која ќе биде најголем губитник поради промената на текот на „реката на развојот“, тврди американскиот аналитичар Умберто Паскали во интервју за „Гласот на народот“.
Познавачот на политиката на САД и Москва смета дека ситуацијата е далеку од тоа дека САД и ЕУ ќе успеат да го изолираат рускиот претседател Владимир Путин имајќи ги предвид неговите вистински и верни сојузници како Индија со која деновиве тој потпиша невидени економски и воени договори.
Во врска со „Јужен тек“ рускиот претседател за време на својата посета на Анкара од први декември по објавата на историскиот договор со оваа земја изјави дека гасоводот нема да минува низ Црното Море и да оди во Бугарија туку ќе минува низ Турција и ќе има годишен капацитет од 63 милијарди кубни метри. Потоа тој најави дека ќе биде формиран гигантски центар на гасоводната мрежа на границата меѓу Турција и Грција што ќе боде во можност да го обезбедува со гас Балканот и Јужна Европа.
„Овој проект, се разбира, е многу интересен за Македонија, земјата што се наоѓа најблиску до центарот. Ова ги осуди државјаните на Бугарија да им плаќаат данок на Турција, Грција, па можеби дури и на Македонија, на чија територија би можел да поминува новиот гасовод. Бугарските државјани загубија огромен износ на приходи, откако беа обележани како несигурни, и во бизнисот и во политиката“, нагласува Паскали.
Пред неколку недели, Москва потпиша втор огромен енергетски договор со Кина, додека двете земји брзо се посдотвуваа за воена координација, па дури и интеграција, вели американскиот аналитичар.
Тој смета дека санкциите од САД и ЕУ не успеале да ја изолираат Русија, со оглед дека Москва во меѓувреме ги зацврсти односите со Кина, Индија.
„Дали Русија е изолирана по спроведувањето на санкциите? Па, ајде да видиме кој кого изолирал. Соединетите Американски Држави и Канада имаат популација од околу 350 милиони жители; целата Европска унија е околу 500 милиони жители. Кина, од друга страна, има 1,37 милијарди и Индија 1,25 милијарди жители, без да ја броиме Латинска Америка, каде што во основа, секоја земја ги отфрли санкциите, а неколку од нив се економски, па дури и воени сојузници на Русија“, појаснува Паскали.
Американскиот аналитичар смета дека откажувањето на буграската Влада да даде дозвола за изградба на дел на гасоводот Јужен поток е најниска точка на „кукавичлук“ и додава дека иако Македонија ќе го изгуби ова важно снабдување со енергија, тоа нема да биде штетно за земјава.
„Ова беше една од најниските точки на „кукавичлук“ постигнат од страна на Европа под притисоците и уцените на САД, всушност, на банките од Вол Стрит. Тоа беше економско самоубиство. Меѓутоа, јас не мислам дека тоа ќе биде фатално за Македонија, земја која не учествуваше во санкциите што САД ги поведе против Русија, го заштити својот суверенитет и националните интереси и одржува одредено достоинство. Сосема спротивното на Владата на Бугарија, која се стави на страна на Вол Стрит и бирократијата во Брисел спротивно на фундаменталните интереси на својата земја. И, кога праша за надомест од страна на ЕУ, доби шлаканица. „Нема надомест“. Сега Бугарите ќе мора да се справуваат со економските последици од тоа, истакна Паскали.
Слично
