Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пасивни преговори за медиумите, новинарите утре на протест

Пасивни преговори за медиумите, новинарите утре на протест

Бавно се одвиваат преговорите меѓу работните групи за реформи во медиумите и нивно ослободување.

Четирите политички партии до петок треба направат компромис за владиното рекламирање, финансирањето на МРТ и кадровските смени, независноста на агенцијата МИА и подобрување на Законот за медиуми.

Здружението на новинари смета дека игра клучна улога во овие прашања и бара директно вклучување во преговорите.

Токму затоа, утре пред Клубот на пратениците ќе се одржат новинарски протести. Нив ги организира од Здружението на новинари, самостојниот новинарски синдикат и МИМ.

„За нас е неприфатливо да се зборува за новинарите и медиумите а притоа тие да не бидат вклучени во процесот. Новинарите, медиумите и јавноста имаат право да знаат за што политичките партии разговараат и за што се договараат во Клубот на пратеници. Ние имаме право да знаеме кои решенија се предложени. Бараме да ни се даде можност да се чуе и нашиот глас пред тие решенија да бидат донесени во Собранието." - велат новинарите кои утре излегуваат на протест.

Овие организации сметаат дека, иако партиите одлучуваат, тие можат да дадат конструктивен придонес во подобрувањето на работата на новинарите.

Слично

Поврзани вести