Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парцелите на Водно ги скараа СДСМ и ВМРО, општина Центар наскоро со став за ДУП-овите!

Парцелите на Водно ги скараа СДСМ и ВМРО, општина Центар наскоро со став за ДУП-овите!
Од општината Центар за обвинувањата на опозицијата кон владеачката партија посочуваат дека до крајот на следната недела ќе излезат со информација како биле носеви Деталните урбанистички планови за атрактивните парцели на Водно.
-Стручните служби на Општина центар работат на истражување на  Дуп-вите и до крајот на следната недела ќе излезат со информација за тоа како се носени ДУП-вите , во кој период и како е дојдено до промена на сопственоста на плацевите, велат од општината Центар
Инаку опозициската СДСМ денес обвинија дека Никола Груевски се обидува да го заташка криминалот парцелите на Водно тежок 17 милиони евра. Од партијата велат дека промената на сопственикот на земјиштето, не може да го спаси Никола Груевски и неговите соработници за целокупниот криминал со парцелите. Вчера телевизијат Алсат М објави дека според податоците од централниот регистар, компанијата Орка Холдинг на бизнисменот Орце Камчев ја купила фирмата „Сирах Инженеринг“, инаку сопственик на земјиштето над вилата на Претседателот на државата.
-Како што јавија медиумите, компанијата Орка Холдинг ја купила фантомската фирмата „Сирах Инженеринг“од даночниот рај Белизе, инаку сопственик на овие парцели. Така, сопственоста на парцелите на Водно од 11.000 м2 сега завршува во оваа фирма, исто така блиска до фамилијата на власт.Освен промената на газдата, сменето е и раководството на фирмата која ги поседува парцелите. Избришан е досегашниот управител Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски и брат на неговата лична секретарка. Јавноста многу добро знае за алчноста на Груевски за илјадници метри кавдратни на Водно, вредни милиони евра, изјави потретседателот на СДСМ. На Никола Груевски ако досега не му стана јасно веќе мора да му биде кристално јасно: бегање од одговорноста нема, вели Дамјан Манчевски.
Инаку атрактивните плацеви на Водно првично ги актуелизираше СДСМ во т.н политички бомби, и објави аудио снимки во кои како што тврди опозцијата премиерот Никола Груевски наложувал промена на детални урбанистички планови заради купување на свои имоти.Од СДСМ тогаш обвинија дека се работи за атрактивни локации опфатени со ДУП-вите Тасино Чешмиче 1 и Капиштец – Водно.Тогаш премиерот Груевски ги отфрли обвинувањата како измислени и невистинити.
Од СДСМ сега потсетија дека врз основа на аудио доказите поднесена е и кривична пријава до Јавното обвинителство за организиран крминал и корупција против Никола Груевски, Коце Трајановски и други лица кои се директно инволвирани во криминални и коруптивни дејствиа во врска со парцелите на Водно, со што ќе треба да се занимава и Специјалниот јавен обвинител.
Реагираше ВМРО-ДПМНЕ
 
На обвинувањата на СДСМ реагираше владејачката ВМРО ДПМНЕ. Од партијата велат дека СДСМ на најнизок и безобразен начин продолжуваат да се обидуваат да ја манипулираат јавноста.
-Наводната афера за земјиштето за кое што Дамјан Манчевски зборува е само продолжение и блед обид за рушење на угледот на Премиерот Никола Груевски.Впрочем Дамјан Манчевски е човекот кој најмалку треба да зборува за наводни криминалии и афери, бидејќи тој самиот и е познат на јавноста по тендерите кои што ги добива од Градоначалниците на СДСМ. Шефот на кабинет на Шеќеринска и нејзин вечен привезок, очигледно добро го научил школото на своите партиски ментори во врска со криминалиите.СДСМ и Манчевски да престанат со неаргументирани изјави и да се посветат на реални проекти и програма, бидејќи граѓаните ја препознаваат гнасната и црна пропаганда наспроти проектите, делата и неуморната работа, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Првичната намена на плацевите беше зеленило
Инаку плацевите првично беа со намена зеленило, но со промена на деталните урбанистички планови во општината Ценатр се пренаменија во градежни. По објавувањето на опозициските бомби во јавноста со реакции излегоа и жителите на улицата Питу Гули, каде што се наоѓа една од парцелите. Тие укажаа дека доколку почне да се гради на ридот нивните домови ќе бидат доведени во опсасност, за што го известија и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски. Тој тогаш најави дека ќе формира комисија која ќе ги утврди што точно се случувало со урбанистичките планови.
Најголем дел од измените овие ДУП-ви што ги посочува СДСМ се направени во времето кога со општината Центар раководеше Владимир Тодоровиќ..ДУП-вите за парцелите за кои СДСМ посочува во прислушуваните материјали, беа одобрени лани, кога се случи и најспорната седница на Советот на општина Центар.Измените се изгласаа доцна во ноќта а градоначалникот на Центар, Жерновски, и советниците од опозицијата ја напуштија салата.Тогаш на седницата останаа само претседавачот на Советот, Мирослав Шиповиќ, и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, а беа усвоени двата ДУП-а.
Дел од архитектите веќе неколкупати посочуваат дека измените на урбанистичките планови особено зачестиле со почетокот на реализацијата на владиниот проект Скопје 2014-та.Еден од најконтоверзните планови ДУП-то Мал Ринг, само во 2012-та година е дополнет и изменет над 10 пати. Од архитектонската фела алармираат дека некои од урбанистичките планови се усвојаат по секоја цена без детални анализи и истражувања на терен, а штетите од нивната имплементација на терен се непроценлви.
Слично

Поврзани вести