Партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ ќе го красат 50 слики со позлатени рамки
На објавените фотографии се гледаат ликовите на претседателот Никола Груевски, неговата сопруга Боркица, екс -директорот на УБК Сашо Мијалков, собранискиот спикер Трајко Вељановски, а на повеќе слики ја има и и поранешната министерка Гордана Јанкуловска.
Мотивите на сликите се земани од повеќе масовни собири, прослави и митинзи на партијата како и моменти на кои се гледа и поранешниот партиски лидер, Љубчо Георгиевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Доста Димовска.
На една слика е претставена коалицијата на ВМРО - ДПМНЕ и на Демократска алтернатива на Васил Тупурковски, а на друга ги има и досегашните генерални или извршни секретари на партијата.
Слично
