Партиски реакции: Што е поважно, пратеничката плата или угледот на државата?!?
„Трајко Вељаноски нема никаков кредибилитет и легитимитет да се повикува на Закон, или да парадира со каков било правен основ, бидејќи тој самиот е извршител на досега невидено политичко самоволие и брутално насилство со кое беше погазен Уставот и парламентарната демократија. Оттука, било каква негова одлука, изјава или соопштение за нас е беспредметна затоа што доаѓа од Собрание, кое после “црниот понеделник“ постои само на хартија,“ велат од СДСМ во врска со денешното известување од Собранието на Република Македонија во кое се најавени повеќе мерки кон пратениците на опозицијата.
Тие повторно ја обвинија владеачата гарнитура за партиско полициски пуч, фингирани истраги и бегање од сопствената одговорност. „Кратењето на платите е мала цена за демократија, слободата и политичката борба за враќање на Македонија во вистинска насока. Опозициските пратеници доследно ќе продолжат да ги преставуваат граѓаните кои сакаат поинаква Македонија од онаа на Никола Груевски и фамилијата“, стои во соопштението на СДСМ, од каде додаваат и дека во меѓувреме, се што Трајко Вељаноски ќе каже, може и ќе биде употребено против него во соодветна постапка. Експресна реакција на ВМРО-ДПМНЕ „Најостра и најжестока реакција, СДСМ прати поради најавата за кратењето на платите на пратениците, кои што најавија бојкот на Собранието. СДСМ не реагираше кога нивните пратеници кршеа државен имот, кој директно е платен од граѓаните, кога нападнаа Претседател на Собрание, се закануваа на пратеници и ги покриваа собраниските камери, за да граѓаните не го видат нивното сценарио“ обвинуваат од владејачката парија. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека на пратениците од СДСМ им се битни само нивните плати, а не се грижат за угледот на земјава. „СДСМ е најнеповикан да зборува за парламентарна демократија по сите изјави и повикувања за насилнички сценарија и рушење на власт од улица, а не на демократски парламентарни избори, како во секое демократско општество“, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ од каде побараа опозицијата да престане со креирање на сценарија, кои се на штета на Република Македонија.

Слично