Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партиски пресметки: Кој дава повеќе пари за земјоделците?!

Партиски пресметки: Кој дава повеќе пари за земјоделците?!
После 7 години на работ на пропаѓањето на земјоделското производство, поради погубните аграрни политики на актуелната власт, најавуваме битка за домашното производство на храна и за достоинствен живот на земјоделецот, изјави денеска Ленче Николовска, претседател на Собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство и пратеник од опозицијата. -„Овој период се искористи само за корумпирање и заплашување на земјоделците со субвенциите кои им следуваат со закон. Овој период се намалија површините под земјоделски култури, годишно 200 000 ха остануваат необработени, се намали добиточниот фонд, некаде и за 50%, а увозот на храна достигна близу 700 милиони евра.Не смееме да ја оставиме владата и натаму да го уништува македонскиот аграр, создавајќи лажна слика преку скапите реклами кои служат за граѓаните да мислат дека земјоделците живеат добро и не смеат да се жалат“, смета Николовска. Таа укажа дека земјоделската програма на СДСМ е сеопфатна има решенија за сите области  како одговор на барањата на земјоделците и агробизнисмените. Според неа мерките како субвенции до вистинските земјоделци со одредена динамика на исплата, зелената нафта која ќе биде двојно поевтина за земјоделците, инвестиции во наводнувањето и субвенции за артерски бунари, сигурен пласман со изградба на откупни центри, нула проценти персонален данок за земјоделците и бенифициран земјоделски стаж ќе доведат до подобрување на состојбите. На ваквата изјава реагираат од ВМРО-ДПМНЕ од каде сметаат дека СДСМ не ги почитува кон земјоделците. „Жалиме што Зоран Заев најави можност за намалување на субвенциите на земјоделците, а Ленче Николовска денеска не го демантираше тоа. Истата СДСМ, која деновиве ја продолжи веќе воспоставената пракса на навредување на земјоделците, истата Ленче Николовска која земјоделците ги нарече измеќари, денес ги повтори мерките кои ги промовираа пред девет дена. И повторно, истите мерки, истите тези, истата безидејност и старите лаги. Зошто СДСМ мисли дека два пати кажаната лага станува вистина“, прашаа од партијата од каде велат дека ВМРО-ДПМНЕ нудат повеќе средства за граѓаните . Од Министерството за земјоделство го повторија тврдењето на ВМРО ДПМНЕ. „Денеска очекувано СДСМ пак си ги повтори памфлет-политиките за развој на земјоделството, но овојпат изгореа во пуста желба за агро-анализи и ветуваат намалени инвестиции во системите за наводнување на 10 милиони евра годишно, а Владата веќе одделува најмалку 18 милиони евра годишно, се ветува намалена поддршка за инвестиции во бунари во износ од 30 проценти покривање на трошоци за дупчење на бунари, а Владата веќе доделува 100 проценти поврат од вложените средства за оваа намена. Бројките од „анализите“ на СДСМ очигледно денес потфрлиле и кај агро-анализата за „двојно“ зголемување на субвенциите па така од денеска на наше огромно разочарување ветувањето на СДСМ за зголемување на субвенциите не е веќе дел од нивните памфлет-политики“, се вели во реакцијата од Министерството. Од СДСМ реагираа на ваквите наводи. Оттаму сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е избезумена од предлог мерките на СДСМ во сферата на земјоделието, поради како што велат, крајно позитивните реакции на земјоделците.
Слично

Поврзани вести